Општинската организација на Црвен крст Струмица, утре со свеченост ќе го одбележи Денот на Црвениот крст.
Планирана е голема свеченост што ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура „Антон Панов“ од Струмица. Мотото на настанот е „Биди човечен“. Од Црвен крст велат дека се подготвува богата програма за настанот.