Комедија на ситуации, со неочекувани пресврти, убаво напишани катрактери и многу духовите реплики. Вака режисерот Коле Ангеловски ја опшишува претставата „Паника во хотел Палас“ која премиерно ќе биде прикажана вечерва во 20 часот на сцената на Центарот за култура Антон Панов од Струмица.
За актерот Бранко Бенинов оваа претстава е и одбележување 40 години театарска кариера.
Во претставата играат и Кољо Черкезов, Горан Ников, Игор Тодоров, Коста Ангов, Оливера Аризанова, Ванчо Василев, Анкица Бенинова и Јасмина Вучкова. Претставата е работена по текст на Реј Куни.