Циркус Пирандело е името на новата претстава на струмичкиот театар Антон Панов. По неколку месечна пауза, струмичките театарџии ќе заиграат на камерната сцена во циркуски амбиент. За раководството, оваа е исклучителна претстава која ќе предизвика широко внимание.
Режисерот Бојан Трифуновски вели дека претставата е многу погодна за Струмица бидејќи токму овој ансамбл покажал пркос и желба сам да одлучува за начинот на кој ќе работи и кој ќе го раководи.
Во претставата има и актери-гости. Ефтим Трајчов Ѓаурски е дел од штипскиот театар. За него е важна соработката со колегите од другите театри и смета дека е важно за градењето и развивањето на актерите.
Текстот за претставата е избор од текстови на Пирандело, а режисерот Трфуновски сам ја правел селекцијата. Актерите велат дека биле скептични кога го добиле текстот, но, како почнале пробите, сфатиле дека оваа е голема и значајна претстава.
Циркус Пирандело е трета премиера за театарот „Антон панов“ за оваа година.