• Fri. Nov 22nd, 2024

Утре, нова премиера на струмичкиот театар „Антон Панов“-Лизелота и месец мај

Нова претстава  утре премиерно ќе се прикаже во струмичкиот театар „Антон Панов“. Станува збор за дуодрамата Лизелота и месец мај на унгарскиот автор Жолт Пожгај во режија на Јане Спасиќ.

Режисерот смета дека целиот процес поминал во добра и креативна атмосфера. Вели дека е задоволен од професионалноста на актерите кои на свои плеќи понесуваат претстава која трае час и половина.

Оваа не е прва дуодрама за Коста Ангов и Јасмина Вучкова. Тие пред неколку години ја одиграа претставата Каминот од Маргарит Минков во режија на Васил Михаил.

Драматургот Ацо Гогов вели дека е реткост да се работат текстови од автори од источна и средна Европа и тоа го смета за големо освежување.

Вечерва е генералната проба за претставата „Лизелота и месец мај“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *