Утре ќе се знае кои маски се оценети со најмногу поени од жирито на струмичкиот карневал. Соопштувањето на наградите ќе биде напладне, во центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Покрај овие награди, ќе се соопшти и која маска собрала најмногу гласови реку електронското гласање од публиката. Ваков тип на гласање се воведува за првпат и целта е да се чуе мислењето и на граѓаните кои го следат карневалот.