Пасионираниот фотограф, Сречко Гунчев, кој својот работен век го помина во Центарот за култура „Антон Панов“, утре ја отвора својата нова изложба на фотографии „Апстрактни вибрации“. Гунчев е препознатлив не само по следењето на настаните што се одржуваат во неговото работно место, туку и по тоа што фотоапаратот му е постојано „околу вратот“ па често неговите прошетки со велосипед се претвораат во фотосесии.
Гунчев вели дека го интересира и архитектурата, и начинот на живот на луѓето, нивните навики, ликови, но и апстрактните појави кои низ фотобјективот раскажуваат поинакви приказни.
Најновата изложба на Гунчев ќе се постави во фоајето на ЦК „Антон Панов“, а ќе се отвори во 19.00 часот.