Во согласност со Законот за празниците на Македонија, 8 декември 2021 година (среда) – Св. Климент Охридски – е неработен ден за сите граѓани на Македонија.
Свети Климент Охридски е најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа Кирил и Методиј. Живеел во втората половина на IX век и првата четвртина на X век.