• Thu. Nov 21st, 2024

Утре „Баланс бајк“-трка за најмалите на СОФ

Почнува втората недела со настани во рамки на годинешниот Струмица опен фестивал. Оваа, втора недела ќе биде  во духот на спортот и рекеацијата, најавуваат организаторите.

Настаните започнуваат утре со Баланс бајк – трка за најмалите на 06.08 (сабота)

Во градскиот парк ќе се натпреваруваат најмладите струмичани од 2 до 7 години во повеќе категории. Да се развие спортски и натпреварувачки дух кај децата уште од најмала возраст е целта на овој настан како и водич на организаторите на настанот ВК Актив.

Вториот настан од спортската недела на СОФ 2022 Вело Тура  – 07.08 (недела)

Овој пат дестинацијата ќе биде Требичино. Групата велосипедисти ќе има можност да го посетат живописното место и убавините на околната природа и неговата автентична архитектура. Збирно место е градскиот плоштад а групата органзирано ќе се движи по средно-лесната траса до село Требичино на оддалеченост од 16 км.

Понеделник продолжуваме третиот настан – 08.08 (понеделник ) – шаховски турнир и board games.

Од 17:00 часот ќе се одржи интерен шаховски турнир помеѓу регистрираните членови. Од 19:00 часот започнува дружбата и можноста за пријава на нови членови во шах школата.

Board games вклучува интересни и едукативни содржини, друштвени игри, квизови и за сите натпреварувачи следуваат богати награди и ваучери. 

09.08 (вторник)- Street basket традиционално како и секоја година на Струмица Опен Фестивал

8 пријавени екипи ќе се натпреваруваат за вредни парични награди и тоа: 10.000 денари – 1место, 8.000 денари – второ место, 6.000 денари – трето место. Следуваат награди за награди за публиката а ќе се бира и најдобар играч. Новитет од оваа година е учество на женски играчи во секоја екипа. Право на учество имаат сите спортисти и рекреативци до 19 години.

Ден 5 од втората недела на СОФ 2022 – (10.08 среда)

Вежбаме во парк со почеток во 19:30 часот под отворено небо во убавините што ги нуди градскиот парк Струмица. Настанот е од отворен карактер и добредојдени се сите и мажи и жени , млади и стари кои се грижат за своето тело и здравиот дух. Вежбаме опуштено и учиме нови и здрави навики на живеење.

Спортската недела завршува со „Ноќни патеки“ – епизода Цареви Кули – 11.08 (четврток) Настан во организација на ЗСК Југоисток, ПК Ентузијаст и АК Беласица Ран. Патеката може да се качува со велосипед или пеш. Настанот е од отворен карактер и поканети се сите рекреативци, ентузијасти или поединеци кои имаат желба да се качуваат по ноќните патеки до Цареви Кули под ѕвезденото струмичко небо.  Збирно место Мал парк во 19:00 часот. Во настанот е предвидена забава на Цареви Кули со DJ и заедничко фотографирање и органзирано враќање на учесниците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *