Околу 13 000 бесплатни оброци изминатите 6 месеци поделило социјалното претпријатие Избор. Во време на пандемија, секојднeвно се подготвуваат бесплатни оброци за семејства во социјален ризик. Сократ Манчев вели дека нивната пекарница се соочува со проблеми како и секоја друга компанија во време на криза, но, со помош на донатори успеваат да ги организираат оброците.
Во пекарницата на Избор се вклучени лица коишто се соочуваат со проблеми на зависности. Ова е дел од нивната работна терапија. Манчев вели дека социјалното претприемништво е вистински предизвик и не е едноставно да се развива и да се одржува.
Социјалното претпријатие Избор има и Центар за професионална рехабилитација на лица со попречености. Преку профсионална поддршка од стручен тим комбинирана со работна терапија, овие лица развиваат вештини за вработување и полесно го наоѓаат своето место на пазарот на трудот.