Во тек се Конкурсите што ги објави Општина Гевгелија за финансирање проекти од областа на културата и проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2023 година. Согласно критериумите, на Конкурсот за финансирање проекти од областа на културата, имаат право да учествуваат: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, физички и правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.
Додека, на Конкурсот за финансирање проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот, имаат право да учествуваат правни и физички лица од државата. Под правни лица се подразбираат: спортски здруженија, спортски клубови, здруженија на граѓани, училишни спортски сојузи, трговски друштва, акционерски друштва, трговци поединци регистрирани за вршење дејност спорт, како и правно лице кое покрај регистрацијата за вршење дејност од друга област, е регистрирано и за вршење дејност спорт.
Конкурсите се отворени до 19 декември, 2022 година. Пријавите се преземаат од веб-страната на Општина Гевгелија. Потоа истите со потребните документи, апликантите треба да ги достават до Општина Гевгелија. Преку пошта на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Архивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот на последниот ден од завршувањето на Конкурсите, со назнаки: „Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2023 година“ и „Конкурс за финансирање програми, проекти, натпревари и манифестации од областа на спортот за 2023 година“.
Апликантите треба задолжително да ги достават пријавите и по електронски пат (Word документ) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com. Дополнителни информации можат да се добијат на тел.: 071/207-199 и 075/219-453.