• Fri. Nov 22nd, 2024

Уште една недела „Гевгелиско културно лето“

На 19 јули, 2022 година, на Стариот градски пазар, со почеток во 21:00 часот, денс-групата „Дива- Утопија, земја на соништата“ од Гевгелија ќе приреди музичко шоу, преставувајќи се со кореографии на урбана музика. На 20 јули, гевгеличани ќе имаат можност да се соберат на „Митинг“, во организација на „Диверзија“, на кој Дејан Малзарков со својот стендап- настап во спортската сала „26 Април“- Гевгелија ќе ја насмее публиката со оригиналните ликови на чик Ване, Пецко и Џоче. „Митингот“ ќе започне во 21:30 часот.
            На платото пред Народниот Театар, со почеток во 20:00 часот, на 21 јули, ќе биде отворена Изложбата на Летната ликовна школа при ЈОУ Дом на култура „Македонија“. На поставката, ќе бидат изложени делата на 40 дечиња кои твореа за време на Летната ликовна школа, под менторство на ликовниот уметник, Александар Јанев.
            Следната недела од „Гевгелиско културно лето“ завршува со Концерт на Фолкорниот ансамбл „Бојмија“, на 22 јули, 2022 година, на градскиот плоштад „Сава Михајлов“, со почеток во 20:30 часот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *