• Sat. Nov 23rd, 2024

Уште два дена за пријавување за сместување во студентските домови

До 5 август трае електронското пријавување за сместување во државните и приватните студентски домови, кое почна на 18 јули, и се однесува на студенти од втора до шеста студиска година и апсолвенти. За студентите од прва година, рокот за аплицирање е од 5 до 16 септември 2022, односно откако ќе помине првиот рок за упис на факултетите за академската 2022/2023 година.

Според Конкурсот, слободни се 4834 легла за редовни студенти на додипломски студии во 12 домови во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Штип и Тетово. Од вкупниот број, 3669 легла се наменети за студентите од втора до шеста година и апсолвенти, а 1165 се за студенти кои ќе се запишат во прва година.

Со најмногу слободни места (1186) располага студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Следуваат ДСД „Пелагонија“ во Скопје со 997 места и „Стив Наумов“ – трета зграда со 601 легло, покрај 138-те легла во новите бараки во овој студентски дом во главниот град.

Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја прикачат соодветната документација на интернет-порталот: e-uslugi.mon.gov.mk. Може да конкурираат за прием во само еден студентски дом. Доколку по објавување на конечните списоци со примени студенти по домови останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, пријавувањето ќе продолжи сѐ до нивното пополнување, но најдоцна до 15 ноември 2022.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *