• Fri. Nov 22nd, 2024

Уставен суд пресече-недела останува неработен ден

Недела нема да им се одземе на најголемиот дел работници во државата. Ова е одлуката на мнозинството судии од Уставниот суд. 

Портпаролката на Уставен, Кристина Беловска, денеска на пресконференција соопшти дека Уставниот суд на денешната седница одлучил да не поведе постапка за преиспитување на законското решение со кое недела беше прогласено за неработен ден за најголем дел од работниците.

Всушност, уставните судии одлучиле да не се прифати иницијативата на Стопанската комора на Македонија, која беше подносител на иницијативата да се преиспита ова законско решение, за кое сметаат дека е неуставно.

Беловска соопшти дека оваа одлука на Уставниот суд е конечна и дека во правниот поредок на земјава останува да важи дека недела е неработен ден за најголем дел од работниците во земјава, освен за дејностите кои се утврдени како исклучоци.

Беловска рече дека не може да се открие кој судија како гласал, со оглед што тие имаат право на тајнпост во гласањето

Со сегашното законско решение, околу 95 отсто од работнициве во земјава не треба да работат во недела, а оние што работат, имаат право на повисоки дневници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *