Уште еднаш се покажа на дело медитеранската клима во Дојран.
Жителите на село Николиќ се пофалија дека почнале да созреваат првите плодови на дрвото мандарина кое пред неколку години е засадено во селото. Тие се среќни што им успеа да го одгледаат ова овошје, за кое досега се сметаше дека не е погодно за растење во Македонија.
Според одгледувачите кои засега имаат само неколку дрвца, една од причините е и топлото време во текот на целиот октомври. Плодовите имаа поволна клима и доволно сонце за да созреат.