Центарот за управување со кризи информира дека успешно е исгасен шумскиот пожар во радовишкото с. Калуѓерица.
Пожарот беше забележан рано утрово за време на хеликоптерското извидување, а за истиот постоеше можност да се прошири.
Како што додаваат од ЦУК, благодарение на брзата интервенција на ТППЕ Радовиш успешно е изгаснат.
-На лице место се останати 5 вработени во ЈП Национални шуми подружница Радовиш. Со пожарот била зафатена нискостеблеста шума со површина од околу 10 хектари, велат од ЦУК.