• Fri. Nov 22nd, 2024

Услугата „Нега на стари лица“ е корисна и потребна, оценува Црвен крст Струмица

Позитивни се искуствата од давањето на услугата нега на стари и изнемоштени лица, кажаа од Црвениот крст Струмица. Тие денеска преку кусо видео ги промовираа резултатите од 4 месечната испорака на ова услуга. При тоа потенцираа дека услугата „Нега на стари лица“ е корисна и потребна.

Беше потенцирано дека се обучени 63 лица кои може да даваат услуги во домашни услови на комерцијална основа . Со овој проект 63 лица добиваат работа а лицата кои се сами и над 65 години и им е потребна помош и нега ќе добиваат услуга во својот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *