• Fri. Nov 22nd, 2024

Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе дели ваучери од по 10.000 денари на најдобрите студенти

Штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ќе ги награди најдобрите студенти. Ректорот на УГД, Дејан Мираковски, рече дека најдобрите студенти ќе добијат вредносни ваучери во износ од 10.000 денари, а признанија ќе добијат институции и фирми со кои соработуваат.

Овие активности се предвидени по повод одбележувањето на 16 годишнината од постоењето на УГД.

На Универзитетот во моментов активно студираат околу 600 странски студенти, додека 500 се во сегментот на подготовки за настава, а од нив околу 400 се на изучување на македонскиот јазик.

„Планираме повеќе значајни активности, меѓу кои, на најдобрите студенти од сите факултети и академии ќе им бидат доделени ваучери во износ од по 10.000 денари. На сите институции, организации и поединци со кои имаме плодна соработка ќе им се заблагодариме со соодветни благодарници. Посебни благодарници ќе им бидат доделени на болниците кои, во соработка со нашиот универзитет, овозможија студентите од Медицинскиот факултет кај нив да ја обавуваат практичната работа“, истакна проф. Д-р. Мираковски.