• Sat. Nov 23rd, 2024

УНИЦЕФ: 80% од родителите ја оценуваат „одлично“ или „многу добро“ онлајн наставата

Позитивни оцени за онлајн наставата даваат анкетираните родители во истражувањето на УНИЦЕФ, спроведено со 1.793 родители. Дури 55% од анкетираните родители на деца кои посетувале настава на далечина истата ја оценуваат со „петка“ или одлично, 25% ја оценуваат со „четворка“ или многу добро. Само 1% од анкетираните родители ја оцениле со „единица“, односно 3% со „двојка“.

Истражувањето покажува дека перцепцијата на родителите е дека е значително подобрена онлјан настава оваа учебна година споредбена со лани.

Според податоците од истражувањето со родителите може да се заклучи дека има голем напредок во однос на организацијата на наставата и квалитетот на истата, споредено со лани.

Имено, оваа година дури 45% од анкетираните родители рекле дека не се соочиле со поголеми потешкотии во однос на организацијата на онлајн учењето на своите деца, додека лани вака одговориле само 19%.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *