• Fri. Nov 22nd, 2024

Уметникот Ѕингаров со изложба во збратимената општина Крџали

Утре публиката во општина Крџали, Бугарија ќе може да ја погледне изложбата „Реминисценции“ на струмичкиот ликовен уметник Марјан Ѕингаров – Ѕин.

Изложбата се реализира како резултат на потпишаниот Договор за збратимување помеѓу двете општини, Крџали и Струмица.

Уметноста е независна и вдахнувачка алатка за дијалог, а во рацете на автори како Марјан Ѕингаров, кој во 2022 година го освои Највисокото признание на Општина Струмица во областа на културата и уметноста, има потенцијал да ги сруши сите граници и да изгради мостови и таму, каде сите се убедени дека теренот е непристапен, се вели во информацијата објаевна во бугарските медиуми.

Ова е десетти авторски проект на Ѕингаров.