Уметниците се вклучија хумана мисија за помош на струмичанецот Стефан Таушанов. 32-годишниот сограѓанин кој живее и работи во Велика Британија, боледува од леукемија. Таму му бил понуден нов, ветувачки, но скап метод за лекување.
За таа цел, Таушанов побара помош од сите хумани граѓани. Неговиот апел за помош го слушнаа ликовните уметници.
Александар Филев, Никола Пијанманов, Дејан Божиновски се дел од уметниците кои понудија свои ликовни дела, а парите ќе ги донираат за лекување на Таушанов.
-Уметниците најмалку што можат да направат да за помогнат, е да отстапат од тоа што го имаат, што го работат, тоа се нивните дела. Придобивката е двојна. Помош на младите луѓе кои се борат со болеста. И дела кај оние кои ги откупуваат сликите, вели Пијанманов.
Заинтересираните може да ги најдат авторите на нивните Фејсбук профили.
Останатите хумани граѓани може да донираат преку платформата Go fund me.