Струмичките ликовни уметници, брачниот пар Александар и Ана Филеви донираа свои дела за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија.
Филеви понудија по едно свое дело во вредност од 30.000 денари. Средствата за делото требаше да се уплатат на сметката на Солидарниот фонд на Црвен крст, а потоа сопственикот со копија од уплатницата ќе може да го подигне своето дело.
Ова не е прва хуманитарна акција во која учествуваат уметниците Филеви. Нивни дела многупати досега се продадени во хуманитарни цели.