Ова е време кога се смета дека полека зимата си оди, Веќе ја нема опасноста од екстремно ниските температури, како минус 15, 17, па и минус 20 степени целзиусови. Тоа се температури коишто можат да предизвикаат проблеми кај виновата лоза во оваа фаза, која е фаза на мирување. Резидбата, или кроењето е многу важно, затоа што се обликува виновата лоза, и со тоа се регулира не само родот, тутку и староста на виновата лоза.
Според агрономот Игор Ивановски оваа година ветува добар и квалитете род, па лозарите би требало да се спокојни. Целата изјава на Ивановски на следниот линк: