Ѕидовите на подземната улица под плоштадот „Гоце Делчев“ оплеменети со фотографии од стара Струмица. Возачите и патниците кои минуваат во овој дел од градот можат да уживаат во педесетина фотографии на Струмица во минатото. На секоја од фотографиите се гледаат различни делови од градот но и различни временски периоди од растењето на Струмица.
Најголем дел од фотографиите се обезбедени од архивите на Сречко Гунчев.