• Fri. Nov 22nd, 2024

(Видео) Украинката Алина Паш нема да пее на Евросонг по обвинувањата дека нелегално го посетила Крим

Алина Паш пред неколку дена победи на украинскиот избор „Видбир 2022“. Требаше да ја претставува Украина на Евровизија со песната Tini Zabutykh Predkiv, но не повеќе.

Во соопштение објавено на „Инстаграм“ таа го најави своето повлекување од Евросонг. Jасно стави до знаење дека актуелната сага за нејзината посета на Крим во 2015 година е премногу за неа.

„Не сакам повеќе да бидам дел од оваа валкана приказна“. Ова го напиша таа само неколку часа по откривањето дека еден од членовите на нејзиниот тим фалсификувал патни исправи. Намерата била за да изгледа дека таа легално патува во регионот.

„Јас сум државјанка на Украина. Ги следам законите на Украина. Се обидувам да ги пренесам традициите и вредностите на Украина во светот“.

„Јас сум уметник, а не политичар. Јас немам армија од ПР-луѓе, менаџери, адвокати за да се одбранам од сите овие напади и притисоци, упади во моите профили на социјални мрежи, закани. И апсолутно неприфатливи зборови што луѓето си ги дозволуваат, без да ја разберат ситуацијата, притоа игнорирајќи го достоинството на секој граѓанин на Украина. Не ја сакам оваа виртуелна војна и омраза“, додаде Алина.

„Не сакам повеќе да бидам во оваа валкана приказна. Со тешко срце, за жал, ја повлекувам кандидатурата за претставник на Украина на Евровизија. Навистина ми е жал. Ќе стапиме во контакт со националната телевизија и ќе ги потпишеме сите потребни документи. Особено сакам да им се заблагодарам на сите што ме поддржуваат и кои ми помагаат, кои ги слушаат мојата песна и важна порака и не ме озборуваат“, заклучи таа.

Реакцијата на пејачката текстописец доаѓа откако украинската телевизија UA: PBC одби да го потпише договорот таа да ја претставува Украина на Изборот за песна на Евровизија, а властите го истражуваат нејзиното патување во Крим во 2015 година, област над која Русија ја презеде контролата во 2014 година.

Веста за нејзината посета на Крим дојде во време кога очите на целиот свет се насочени кон Украина поради можна руска инвазија, пренесуваат медиумите.

Украинската песна исто така беше повлечена од обложувачниците, иако веднаш скокна на второ место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *