Ја знаеме како наставничка со позитивен дух и став. Секогаш насмеана и подготвена да им се најде на децата и колегите. Сега, по 40 години во образование, наставничката Соња Појразовска е пензионерка. Ова е првиот 5-ти октомври после долги децении што го минува дома. Вели, тешко е да се навикне на новиот ритам, затоа што учителскиот позив е нешто што го обележува целиот човеков живот, дури и кога не е повеќе во училницата.
Учителската професија е една од најблагородните вели Појразовска. Учењето е само една од задачите на учителот. Тој треба и да воспитува и да биде поддршка во развојот на детето.
За младите колеги има само добри зборови. Им порачува да ѝ се посветат на професијата и со љубов да влегуваат во училницата.
5 октомври е прогласен за Светски ден на учителите во 1994 година. во знак на сеќавање на 5 октомври 1966 година, кога е усвоена Препораката на Меѓународната организација на трудот – МОТ и на УНЕСКО, во врска со статусот на учителите/наставниците.