• Fri. Nov 22nd, 2024

Училиштата сѐ уште чекаат упатства од Владата за онлајн настава

By

Aug 26, 2021

Физичко присуство ќе има, а за оние кои ќе ја следат наставата онлајн, основните и средните училишта се организираат на различни начини.

Упатства од Владата и Министерството за образование чекаат училиштата за да организираат онлајн настава за оние родители кои инсистираат на неа. За сите останати ученици, годината ќе почне со физичко присуство, со полн капацитет, според донесените здравствени протоколи.

Исклучоци од оваа одлука ќе има за деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови на семејството, по барање на родителите, или други немедицински причини, со дозвола на училиштето.

Во основното училиште „Кузман Јосифовски-Питу“, пак, наставниците испратиле анкета до родителите во која бараат тие да се изјаснат за една од трите понудени опции за начинот на кој ученикот ќе ја следи наставата: со физичко присуство; онлајн заради здравствени причини; и онлајн заради други немедицински причини. На анкетниот лист е нагласено дека родителот ќе може да го смени исказот исклучиво по завршувањето на првото полугодие.

Андреја Стојанов, директорот на училиштето, ни кажа дека анкетата е интерна и дека нејзина цел е да се добие слика за тоа колкав процент од децата ќе следат настава со физичко присуство, а колку од дома, со цел училиштето да се организира.

Во меѓувреме, родителите кои ја поддржуваат онлајн наставата на социјалните мрежи побараа Комисијата за заштита од заразни болести да се изјасни колкав треба да биде дневниот биланс на заразени и починати од ковид за да се оцени дека епидемиолшката состојба е „влошена“.

Министерката за образование Мила Царовска повторно нагласи дека ако влеземе во ризик, сценариото ќе се смени во она што ќе ни биде посочено како соодветно.

извор:https://www.slobodenpecat.mk/uchilishtata-se-ushte-chekaat-upatstva-od-vladata-za-onlajn-nastava/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *