• Fri. Nov 22nd, 2024

Училиштата ќе можат да купуваат струја по цена од 95 евра за мегават час

Училиштата ќе можат да се греат на поевтина струја во текот на гжзимата. За нив ќе биде овозможено кушување на струја од ЕСМ продажба по цена од 95 евра за мегават час.

За разлика од училиштата, поевтина струја ќе има за прехранбената индустрија, од 80 евра за мегават час. Во продолжение еве како се распределени приоритените групи по категории и цена:

За снабдување од 1.12.2022, поради мрежните правила на ЕВН Електродистрибуција за промена на снабдувач комплетните документи потребно е да се поднесат до 10.11.2022 г. Додека за субјектите кои се на снабдувач во краен случај, рокот е 20.11.2022 година.

Снабдувањето на овие потрошувачи АД ЕСМ ќе го прави преку ЕСМ Продажба. По одлука и задолжение од Владата на Р Северна Македонија, која го задолжи ЕСМ Продажба во текот на траењето на енергетската криза, до 30.4.2023 година, да снабдува со електрична енергија неколку категории потрошувачи надвор од досегашната обврска по закон.

I КАТЕГОРИЈА – Потрошувачи на електрична енергија, физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност-главна приходна шифра (само за потрошувачката на броилата за електрична енергија за извршување на приоритетната дејност) – по цена од 80 евра /MWh, и тоа:

– 01.47 oдгледување на живина

– 10.11 преработка и конзервирање  месо

– 10.12 преработка и конзервирање  живинско месо

– 10.13 производство на животинско и живинско месо

– 10.41 производство на масла и масти

– 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи

– 10.61 производство на мелнички производи

– 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и

– 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец) во услови на постоење кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија

Евтина струја и за водостопанствата и училиштата

II КАТЕГОРИЈА – Потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици- по цена од 95 евра /MWh

III КАТЕГОРИЈА – Потрошувачи на електрична енергија, основни и средни јавни училишта – по цена од 95 евра /MWh

Овие категории потрошувачи кои ќе сакаат да се префрлат на снабдување со електрична енергија од ЕСМ Продажба ќе треба да ги регулираат своите односи со нивните сегашни или досегашни снабдувачи, и АД ЕСМ тука нема никаква надлежност, вклученост и одговорност, односно тоа е однос меѓу трети страни“, стои во соопштението.

Сите документи се веќе поставени на официјалната страница на АД ЕСМ, дадени се точни листи на потребни документи и точни упатства како да се постапи. Документите се поставени на следниот линк: https://www.esm.com.mk/?p=14637

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *