Во рамки на Кампањата за заштита од природни непогоди на Дирекцијата за заштита и спасување, во ООУ „Владо Кантарџиев“ беше спроведена работилница на тема: „Основни насоки и препораки во случај на земјотрес“. Едукативната работилница беше наменета за учениците од IV до IX одделение, која преку видео-симулација и презентација имаше за цел запознавање на учениците со мерките и насоките за заштита и спасување при земјотрес. Притоа, беа поделени флаери и семејни прирачници за подигање на свеста кај учениците за справувањето со елементарна непогода од секаков вид.
Имено, оваа работилница се организираше во соработка помеѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Подрачното одделение во Гевгелија со Општина Гевгелија. Кампањата трае цел февруари, како месец на земјотресите според статистиката, а работилниците се спроведуваат во повеќе училишта ширум државата.
По работилницата, претставниците на Дирекцијата за заштита и спасување со одговорното лице за заштита и спасување во Општина Гевгелија одржаа работен состанок, на кој се дискутираше за понаматошните активности и проширување на соработката помеѓу надлежните институции и субјекти во областа на заштитата и спасувањето.