Ученици од ОУ “Маршал Тито” од с.Муртино денеска во посета на струмичкиот музеј. Тие се запознаа со улогата на музејот и вработените во зачувувањето и заштитата на културното наследство и со културното наследство на Струмица и регионот.
Посетата на музејот и поставката е исклучително важна за децата да можат подобро да ја запознаат не само својата историја, туку и култура која со векови се негува на ова подрачје.