Учениците во основното училиште “Маршал Тито” во Струмица имаа повеќе активности со кои го обележаа Меѓународниот ден на жената Осми март.
Да се предизвика насмевка на лицата на жените, да се изненадат, да им се пренесе порака дека се важни и дека нивниот труд и љубов се ценат. Ваква била замислата на наставниците и учениците вклучени во активностите. Директорката Благица Устапетрова вели дека уживале и малите и возрасните.
Наставничката Љубинка Цветанова вели дека децата се радувале на средбата со луѓето сместени во Домот за стари лица. Веселите дечиња освен што имале креативна работилница со возрасните, им порачале и дека се важни и не се заборавени.