Цртаме и учиме за музејските етнолошки предмети и експонати. Целта на кустосите во Музеите не е само прибирање на музејски предмети, нивно евидентирање и истражување, туку и презентирање на стекнатите знаења во врска со предметите. Во таа насока преку овој проект се направи едукативна работилница со ученици од основното училиште Маршал Тито во Струмица.
На оваа работилници во првата фаза се направи презентација на етнолошки предмети од збирките Накит и Народна облека и ткаеници, предмети од крајот на 19 и поч. на 20 век. Децата се запознаа со начинот на изработка,суровините од кои се изработени, периодот кога и за што се употребувани, а потоа во втората фаза, експонатите кои им оставаат најголем
впечаток ги цртаа и боеа. На ваков начин музеите се доближуваат до децата, тие ги засакуваат музеите, собираат информации и знаења и стануваат пријатели на децата. А воедно тие се и идните посетители на музејските поставки, изложби и други настани.