• Sat. Nov 23rd, 2024

Уапсен жител на Анѓелци осомничен за тешки кражби

На 16.12.2021 во 11.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.П.(25) од село Ангелци, струмичко.

Тој се сомничи дека во периодот од 12.12.2021 до 16.12.2021 на подрачјето на Струмица извршил три кривични дела „тешка кражба“, едно кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“ и едно кривично дело „одземање на моторно возило“.

Г.П. е задржан во просториите на Полициска станица Струмица, известен е Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *