• Sat. Nov 23rd, 2024

Уапсен полицаец од г.п. Блаце поради мито

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце.

По расчистување на случајот и санкционирање на сторителите, соодветно ќе ја информираме јавноста, велат од МВР.

Претходно, Албанската телевизија Клан синоќа во емисијата „Стоп“ објави видео на кое се гледа како раководител на смена на граничниот премин Блаце зема мито од државјани на Албанија кои ја минуваат границата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *