Твитер го изведе милијардерот Илон Маск на суд за да го принуди да ја купи компанијата. Ова доаѓа откако Маск во петокот објави дека се повлекува од предложеното купување на Твитер за 44 милијарди долари. Тој тврдеше дека Твитер не дал информации за бројот на лажни и спам сметки на платформата. Сега Твитер побара од судот во Делавер да му нареди на најбогатиот човек на светот да го заврши спојувањето со договорените 54,20 долари по акција на Твитер.
„Откако организираше јавен спектакл за да го стави Твитер во игра, и откако предложи, а потоа потпиша договор за спојување погодна за продавачот, Маск јасно верува дека тој за разлика од која било друга страна што е предмет на законот за договори во Делавер – може слободно да се премисли, да ја уништи компанијата, да го наруши нејзиното работење, да ја уништи акционерската вредност и да си оди“, се наведува во тужбата.