11 Октомври 1991 година започна со работа локалната телевизија ВИС во Струмица. Еден од првите приватни медиуми во штотуку осамостоената Република Македонија.
Основана како партнерски проект на Васе Пиперевалиев и Илија Патаров од каде доаѓа и имаето на ВИС- Васе, Ило, Струмица. По само шест месеци им се придружува и Јанко Мицев, кој до денеска остана сопственик на телевизијата.
Инаку, дозволата за работа телевизијата ја добива уште во 1990 година во Белград и неколку месеци во текот на 1991 година почнува со пробно емитување програма. Сепак, за официјален почеток со работа почнува да се смета 11 Октомври 1991 година.
Први вработени во Тв Канала ВИС се Ѓорги Калајџиев, Сузана Тасева, Наско Митров, Тане Коџабашиев и други. Коџабашиев и калајџиев уште се дел од редакцијата.
Канал ВИС од 2013 година е регионална телевизија и има досег до околу 200 илјади гледачи. Минатата година, телевизијата целосно изгоре во големиот пожар што избувна во зградата на поранешната касарна, каде беа и просториите на ВИС. Покрај материјалната штета, најголемата загуба од пожарот беше архивата којашто го чуваше духот и меморијата на Струмица цели 30 години.