• Fri. Nov 22nd, 2024

Турција учесник на годинешниот Саем на книга

Покрај учеството на најголемите домашни издавачки куќи, на овогодишното издание на Саемот на книга ќе има учесници и од регионот: Србија, Косово, Албанија.

Значајно претставување оваа година ќе има и Република Турција преку своето Министерство за култура и туризам, а во соработка со Турскиот културен центар „Јунус Емре”. Во рамките на нивниот штанд се најавени многу активности со промоции и гостување на автори и уметници од оваа земја.

Најголемиот празник за читателите во земјава – Саемот на книга, оваа година ќе се одржи од 3 до 9 мај во СРЦ „Борис Трајковски”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *