Тројца новозаболени со Ковид во Струмица последните 24 часа. Ова се податоците на Министерството за здравство за недела.
На ниво на држава регистрирани се 284 нови случаи на Ковид-19. Починати се 21, известуваaт од Министерството за здравство.
Од таму додаваaт дека во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.258 тестирања. Регистрирани се 284 нови случаи на Ковид-19.
Во Скопје се регистрирани 152 пациенти, Кавадарци – 29, Прилеп – 21, Кочани – 17. Во Штип – 10, Неготино – 7, Куманово и Охрид по 6 пациенти.
Во Тетово и Гевгелија регистрирани се по 5 случаи. Демир Капија – 4, Гостивар и Струмица по 3. Во Велес, Струга, Свети Николе и Берово по 2. Додека во Кичево, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово и Кратово по 1 пациент.
Регистрирани се 449 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје –192, Прилеп –38, Кавадарци –36. Потоа, во Куманово –20, Штип –17, Струмица –16. Во Велес и Богданци по 15, Гевгелија, Гостивар и Битола по 14, Крива Паланка –13. Понатаму, во Неготино и Тетово по 11, Кочани –6, Свети Николе –4, Кратово –3. Во Делчево и Крушево по 2, Кичево, Пробиштип, Виница, Валандово, Ресен и Дојран по 1 пациент.
Пријавени се вкупно 21 починато лице на возраст од 52 до 93 години. Од нив, 8 пациенти од Скопје. Од Прилеп и Охрид по 2 починати лица. По едно починато лице од Куманово, Тетово, Штип, Струмица, Струга, Кочани, Неготино, Гевгелија и од Пробиштип. Сите пациенти се починати во болнички услови, известуваат до МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 567.441 тестирања на Ковид-19.