• Fri. Nov 22nd, 2024

„Трн“ на Пијанманов и Ангелов премиерно ќе се прикаже на годинешниот Астерфест

Документарниот филм „Трн“ на Никола Пијанманов и Столе Ангелов премиерно ќе се прикаже на затвфорањето на годинешното издание на Астерфест.

17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица, кој ќе биде централно место за филмските настани. Во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и домашни автори и продукции. За отворањето на 5-ти август е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол“ на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови.

„Северен пол“ кој имаше светска премиера во Кан е суптилна приказна што ја обработува темата за прифаќањето и изолацијата, а во филмот игра и струмичанецот Лука Митев. За затворањето на 9-ти август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера на најновиот македонски документарец „Трн“ на Никола Пијанманов и Столе Ангелов. Филмот „Трн“ според авторите е документ за еден човек кој не се предава, човек кој од својот живот прави уметност, а од уметноста нов живот. Станува збор за актерот и граѓански борец и активист Стојан Велков Трн.

Мотото на овогодишниот „Астерфест“ е „Светлините на астерот“, а манифестацијата е поддржана од Општина Струмица и други помагатели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *