• Mon. Nov 25th, 2024

Трките се убава можност за себедокажување вели Караколев за „Ноќните крос трки“

Ноќните крос трки се одржаа по две години пауза на струмичките улици. Учениците од основните и средните училишта се натпреваруваа во повеќе категории.

Тони Караколев во интервју за ВИС спорт вели дека трките се убава можност за себедокажување. Младите имаат убава можност да си ги одмерат силите со врсниците, да видат кој е најбрз но и да добијат медал која останува во траен спомен.

Овие трки ги организира Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица, по повод празникот “11-ти Октомври“. Покровител на трките е Градоначалникот и Советот на општина Струмица.

Целиот разговор со Караколев во линкот во продолжение:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *