• Fri. Nov 22nd, 2024

Тримерска забава кај првоодделенците во Никола Вапцаров

Тримерска забава кај првоодделенците во Никола Вапцаров. Наставничката Наташа Тумановска-Витанова и нејзиниот I-3 одделение денеска го развеселија целото училиште со прекрасните костими во кои дојдоа на настава. Целта е да се одбележи тримерската традиција и низ едно дружење децата од најмала возраст да се едуцираат за своето минато, култура и традиција.

Забавата беше збогатена и со посна трпеза со традиционални тримерски специјалитети, а сите присутни вкусија од храната што ја подготвија родителите на учениците од I-3.

На тримерската забава им се придружија и нивните соученици од I-1 одделение и наставничката Мирјана Никовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *