В недела во 19 часот, во амфитеатарот во големиот градски парк ќе се одржи трибина на тема „Потполно здравје на младите- ментално, духовно и здрав начин на живот“ во хуманитарната организација на „Елеуса Фондација“ во соработка со Општина Струмица.
На трибината ќе зборуваат викарниот епископ Стобиски г.Јаков, спец.д-р Ангелина Илиевска психијатар и психотерапевт и д-р Александар Митов, магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето.
Од „Елеуса Фондација“ велат дека ова е првата од низата трибини кои планираат да ги организираат во следниот период.
Напоменуваат дека доколку не дозволат временските прилики, трибината ќе се одржи во малата сала при НУЦК „Антон Панов“ во Струмица.