• Fri. Nov 22nd, 2024

Три сценарија за новата учебна година

Се подготвуваат три сценарија за тоа како ќе се одвива учебната година 2021/2022, за кои ќе одлучува Комисијата за заразни болести согласно епидемиолошката состојба, кажа денеска министерката за образование и наука Мила Царовска. Според неа, денеска на Главниот координативен штаб се дискутирало за сценаријата кои ги подготви Министерството за образование и наука (МОН).

„Сите, и јас и премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче, сакаме учебната година да почне со првото сценарио, целосно отворање на училиштата согласно здравствените протоколи за сите одделенија и сите години. Второто сценарио е со физичко присуство да одат учениците од прво до четврто одделение, останатите онлајн. Третото сценарио е да бидат поделени во групи, една недела да оди една група ученици, друга недела втора група ученици“, кажа Царовска на отворање на нова спортска сала во Волково.

Учебната година 2020/2021 почна на 1 октомври, и со физичко присуство одеа учениците од прво до трето одделение, како и некои стручни училишта или училишта низ земјава кои ги исполнуваа условите согласно ковид протоколите. Сите други посетуваа онлајн настава

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *