• Mon. Nov 25th, 2024

Три лица повредени во Стојаково откако излетале од патот со патничко возило

Утрово во 04.00 часот било пријавено дека во село Стојаково, Општина Богданци, Б.П.(18) од Богданци, управувајќи патничко возило „голф“ со гевгелиски  регистарски ознаки,  изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(18) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.П.(22), и двајцата од Богданци, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *