Трговци тврдат дека има намалување на пластениците со ран зеленчук во струмичко
Трговците стравуваат дали ова сезона ќе ги исполнат предвидените договори за извоз на зеленчук од струмичко со оглед дека имаат информации од теренот дека се намалени површините под пролетна зелка, домати и краставици. Вака сметаат дел од трговците кои од година во година бележат намалување на извозните пратки за пазарите од пораншена југославаија но и во западноевропсктие пазари. Блажо Витанов вели дека само кај пролетната зелка има намалување на површините за 10 до 15 отсто.