Подметнат пожар на депонијата Шапкар кај Добрашинци. Од струмичкото комунално претпријатие коешто управува со неа, велат дека се на терен и гасат со возила на противпожарната служба, но и механизацијата на Комуналец и локални градежни фирми. Сепак, силниот ветер го отежнува гасењето.
Жителите на село Добрашинци реагираа уште во неделата преку апликацијата Граѓански новинар на тв канал Вис дека се гушат во смрдеа од депонијата, затоа што е во непосредна близина на селото. Ѓубрето често се пали, па ова населено место нема мир од чадот и лошата миризба.
Освен честите подметувања, од Комуналец велат дека депонијата се и самозапалува, особено кога се високи температурите.