-Денешната моја посета во Струмица ја започнав со заеднички појадок со корисниците во стамбените единици кои што со процесот на деинституционализација се преместени од Заводот за рехабилитација Бања Банско, објави министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска на својот Фејсбук профил.
Корисниците живеат во станови со поддршка користејќи ги услугите за лична асистенција според нивните потреби. Ваквиот начин на сместување на лицата кои што имаат потреба од посебна грижа и помош значително го подобрува квалитетот на живот на корисниците, вели министерката Тренчевска.
Во објавата додава дека среќата и задоволството на граѓаните е од исклучителна важност за Владата и Министерството за труд и социјална политика.