• Mon. Nov 25th, 2024

Тренчевска: Преку политики и атрактивни​ мерки, ја намалуваме младинската невработеност

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска учествуваше на конференцијата „Да кажеме Стоп на иселување на младите“, во организација на Прогрес институт.

Во своето обраќање министерката истакна дека прашањето за иселувањето на младите е исклучително сериозно, бидејќи токму од нив се очекува да бидат двигатели на реформите.

„Живееме во време кога „границите се отворени“, а со тоа се е „достапно“, кога младите сакаат да ги избришат границите за да ги запознаат другите земји и култури, кога сакаат подобро вработување, подобри плати, образование и можности за напредок,“ рече Тренчевска.

Таа додаде  дека, денешната тема „Стоп за иселувањето на младите“,  е актуелна во изминативе дваесет години, бидејќи статистиката говори дека трендот на иселувањето на младите луѓе, не стивнува иако тој е намален поради ковид пандемијата.

Според министерката, иселувањето пред се на младите лица како глобален тренд е голем предизвик  и за нашата држава. Тоа значи загуби на човечки потенцијал и работна сила потребна за идниот развој на земјата. Согласно, анализите забрзан и одржлив раст на економијата може да го запре иселувањето на младите, што е воедно и цел на економската политика на Владата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *