Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и амбасадорот Клеменс Која – шеф на Мисијата ОБСЕ во Скопје денеска ја остварија последната средба поради завршување на четиригодишниот мандат на амбасадорот во нашата земја.
„Периодот зад нас го одбележаа многу проекти и активности од областа на социјалната заштита, инклузијата на ранливите категории, со акцент на Ромите, нивно извлекување од сиромаштија, вклучување на пазарот на труд и социјални услуги, потоа, родовата еднаквост и антидискриминацијата. Продолжуваме со добро воспоставената соработка со мисијата на ОБСЕ и понатаму,“ рече Тренчевска.
Таа се заблагодари за одличната соработка со мисијата на ОБСЕ во земјава, предводена од амбасадорот Која, и изрази уверување дека работата на заедничките проекти и цели кои имаат за цел подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани ќе продолжи и во иднина.