• Wed. Nov 27th, 2024

Тренчевска-Кристин Бенгтсон: Унапредувањето на родовата еднаквост е наш заеднички приоритет

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со шведската амбасадорка во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгтсон, на која беа потврдени добрите меѓудржавни односи, поддршката која Шведска ѝ ја дава на нашата држава и соработката на повеќе полиња значајни за градење на современо општество.

Главна тема на средбата беше родовата еднаквост во општеството, владините политики и нивна имплементација, вклученоста на институциите и граѓанскиот сектор.

Министерката Тренчевска ја истакна заложбата на Владата за унапредување на родова еднаквост во општеството. Во таа насока таа се осврна на новиот Закон за родова еднаквост, кој е во финална фаза и наскоро треба да влезе во владина процедура.

„Новиот Закон за родова еднаквост обезбедува потполна родова еднаквост, зајакнување на положбата и статусот на жената во општеството, еднаков пристап до ресурси и еднакво учество во донесување одлуки во сите сфери на општествено живеење. Градиме општество во кое жените и мажите ќе ги имаат истите привилегии и одговорности кои ќе ги остваруваат во вистинско заедничко партнерство“, рече Тренчевска.

Таа информираше дека наскоро ќе биде отворен и Ресурсен центар, којшто е всушност тренинг-центар за обуки на државните службеници во областа на родово одговорно креирање политики и буџетирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *