• Fri. Nov 22nd, 2024

Треба кривични измени по „Јавна соба“

Со употребата на технологијата, интернет комуникацијата, со глобализацијата, се јавуваат и нов вид на кривични дела кои претходно не сме биле ниту во можност да ги предвидиме. Затоа ги поддржувам предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела „демнење“и „сексуално вознемирување“. Ова го вели републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески во интервју за Дојче веле.

Тој потенцира дека од не помало значење е и јакнењето на јавната свест и големата улога на медиумите.

„Јавноста треба да биде едуцирана за потребата од заштита на сопствената и приватноста на други лица. Штетата која се нанесува на оштетените жртви преку вакви дејствија. Преку објавување на нивни фотографии во сексуален контекст, особено кога станува збор за малолетни лица. Јавната свест е значајна и за охрабрување на граѓаните навремено да ги пријавуваат ваквите кривични дела. Со што се обезбедуваат докази за откривање и казнување на сторителите и за ефикасен кривичен прогон,“ вели Јовески.

Протестен марш на Платформата за родова еднаквост

/Од друга страна, Платформата за родова еднаквост утре ќе организира протестен марш. На него ќе бидат соопштени барањата до институциите за темелно расчистување на случајот „Јавна соба“. Истовремено и за сеопфатен пристап во справувањето на државата со родово базираното насилство. Тоа во разни форми е широко распространето и вкоренето во нашето општество.

„Сметаме дека целосното разрешување на овој случај е шанса за институциите да покажат дека и во пракса се залагаат за женските права. Истовремено и за безбедноста на жените во онлајн и физичкиот простор,“ информираа од Плтаформата.

Тие ќе побараат од Јавното обвинителство неодложно и темелно да го расчисти случајот „Јавна соба“. Според нив тој претставува кривично дело во кое голем број жени се жртви на родово засновано насилство.

„Бараме соодветни казни за администраторите на групите, како и сите членови кои праќале и се уште праќаат фотографии и пишуваат лични податоци на девојки и жени. Бараме и инсистираме сексуалното вознемирување преку интернет посебно да се регулира и во Кривичниот законик. Бараме соодветна грижа за жртвите од надлежните институции,“ се додава во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *